Валтер со апел до битолчани: Дојдете во голем број, Мотор мора да се сфати сериозно!

228

Дали Е.Пелистер ќе ја продолжи европската пролет ќе биде познато утре во Битола. Македонскиот вицепрвак сам ќе одлучи дали ќе се пласира во нокаут фазата или оваа сезона во Европската лига ќе остане на групната фаза. На последниот меч, Пелистер е домаќин на Мотор Запорожје. Избраниците на Ларс Валтер имаат две опции: победа или реми ги носи во следната рунда.

Предводникот на битолскиот состав ги повика сите љубители на ракометот да дојдат во сала и да им дадат поддршка, која и тоа како ќе значи за една ваква средба.

„Ако имаме поддршка како што нормално добиваме во нашата сала, тоа ќе ни биде од голема помош. Се надевам дека луѓето ќе дојдат во вторник и ќе ни дадат поддршка. По враќањето на некои повредени ракометари, добиваме на стабилност. Имаме многу натпревари во овој период, но мора да размислуваме позитивно. Го вративме ритамот, дури и во поразот во Берлин видов добри работи. Одигравме добро, посебно бевме добри при стрпливоста во нападот. Денес работевме некои детали кои ќе ни послужат за вторник, а и заштедив некои ракометари за дуелот против Мотор. Веќе го подготвуваме дуелот против Украинците, ќе биде тешко и сериозно ќе ги сфатиме. Играа добро во последните натпревари, но имам позитивни вибрации за вторник“, изјави Валтер. 

Мечот меѓу Е.Пелистер и Мотор е закажан со почеток во 20:45 часот. Пелистер има шест бода еден повеќе од директниот конкурент.

ПретходноМегваер одби да се ракува со Аврам Глејзер (ВИДЕО)
СледноМакедонската репрезентација во традиционално карате освои 30 медали во Крушевац!