Шкендија ќе игра ЛШ на стадион со капацитет од 3.782 места

3159

Стадионот „Фазанерија“ во Мурска Собота ќе биде домаќин на реванш натпреварот меѓу Шкендија и Мура во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Станува збор за стадион кој има капацитет од само 3.782 места. Се наоѓа во Мурска Собота, во североисточниот дел на Словенија.

На „Фазанерија“ досега играше и Вардар кој одигра пријателски меч со Динамо Загреб за време на летните подготовки. Овој стадион е „база“ на Динамо кога се подготвува во Словенија, односно на овој стадион тренира и игра натпревари.

Главно екипите кои немаат стадиони или со помал капацитет, ги играат во друг град како што се случајот со Шкендија (ќе игра на Националната Арена во Скопје). Меѓутоа, ете, „Фазанерија“ исполнува услови, барем за 1. квалификациско коло.

И натаму не е познато дали ќе има публика.

Претходно“Лавовите“ ја продолжија соработката со Есмин Личина!
СледноКошаркар на Лејкерси заврши зад решетки поради марихуана