Словачка без првата ѕвезда во Скопје

529

Олег Мелешченко, селекторот на репрезентацијата на Словачка, еден од нашите противници на претквалифиакцискиот турнир за Светскиот Куп 2023 година, го објави поширокиот список на кандидати за средбите во „меурот“ кој од 12. до 18. август ќе се одржи во Скопје

На поширокиот список на играчи, се најдоа и искусни, но и нешто помлади кошаркари кои ќе ја бараат својата шанса за настап на претквалификацискиот турнир.

А менаџерот на тимот на Словачка, Мирослав Паленик го претстави изборот:

„После неодамнешниот камп на кој беа поканети 21.играч, селекторот Олег Мелешченко одлучи да направи поширока листа на  кандидати за активностите каи ќе ги имаме во текот на ова лето. На списокот има 24. кошаркари. Поради здравствени проблеми, испаднаа три имиња: Борис Бојановски, Михал Чековски и Виктор Јуришек. По паузата, на 6 јули ќе поканиме само шеснаесет играчи на собирот. А конечните 12 играчи кои ќе патуваат во Скопје, ќе го имаме на 9 август“, изјави појасни Паленик.

А во групата на кошаркари на која сметаат селекторот Мелешченко и неговите помошници Михал Мадзин и Марош Хелмеси, го нема најзвучното име, играчот кој беше составен дел од тимот во изминатиот период, Кајл Кјурик.

Натурализираниот Словак со американски пасош, кој настапува за шпанскиот првак Барселона, нема да биде дел од овој летен циклус на претквалификации за Мундобаскетот.

Својата шанса за играње во „балонот“ во Скопје ќе ја чекаат: Давид Абрхам, Адам Антони, Мартин Бачан, Марсел Батовски, Владимир Бродзијански, Марек Долежај, Микаел Фусек, Матуш Хронскрач, Муш Хронскрач, Матеј Мајерчак, Матуш Маловец, Тимотеј Маловец, Јакуб Мереш, Јакуб Мокран, Давид Новак, Јурај Паленик, Томаш Павелка, Јакуб Петраш, Роберт Рожанек, Роман Сквашик, Шимон Турза и Марош Зелизњак

ПретходноНиколов си оди од Лече, има три понуди на маса!
СледноГотово е: Меси останува во Барса!