Хрватската фудбалска репрезентација го завери местото во осминафиналето на ЕУРО 2020, откако на последниот меч од групната фаза ја совлада Шкотска со 3-1.
Пред оваа средба, Хрватите беа под голем притисок, на нивна сметка стигнаа бројни критики по лошото издание против Англија и Чешка.
Но, по вчерашната победа, социјалните мрежи беа преплавени со честитки, една дојде од Нивес Целзијус. Одново сподели провокативна фотографија во знак на поддршка на фудбалерите.