Американската компанија Либерти Медиа, која е сопственик на Формула 1, е сериозно заинтересирана да инвестира во англискиот фудбалски клуб Ливерпул, пишува британски „Телеграф“.
Сегашните сопственици на Ливерпул, Fenway Sports Group бараат инвеститори кои би можеле да станат малцински сопственик на клубот, а Либерти Медиа е еден од претендентите. Според меидумите,Ливерпул не е подготвен за целосна продажба, па затоа и не се знае колкав дел од акциите може да преминат во рацете на газдите на Формула 1.
Либерти Медиа е сопственик на Формула 1 од 2017 година. Минатата година беше објавено дека компанијата одбила понуда од 20 милијарди долари за купување на тркачката серија од инвестициски фонд од Саудиска Арабија.










