Каква ноќ за Далас: Дончиќ и Ирвинг експлодираа и постигнаа 82 поени! (ВИДЕО)

192

Бритално издание на двете ѕвезди на Далас донесоа победа за Мавс на синоќешното дерби со Филаделфија, со што тексашаните ја прекинаа серијата од два порази. Кошаркарите на Далас славеа со 133:126 во меч во кој Лука Дончиќ заврши со 42 поени, 12 асистенции и четири скока, додека Кајри Ирвинг постигна 40 поени, со шест асистенции, четири скока и три украдени топки.

Кошаркарите на Голден Стејт славеа над Лос Анџелес Клиперс со 115:91 и ја постигнаа четвртата последователна победа. Актуелниот шампион го предводеше Џордан Пул со 34 поени, а Клеј Томпсон постигна 19 поени со 11 скока.

Во тимот од Клиперс најефикасен беше Кави Ленард со 21 поен.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Вашингтон – Торонто 119-108

Далас – Филаделфија 133-126

Сан Антонио – Индијана 110-99

Голден Стејт – ЛА Клиперс 115-91

ПретходноЕВРОЛИГА: Партизан и се одмазди на Алба, Звезда немоќна во Минхен
СледноСопствениците на Формула 1 сакаат да купат дел од Ливерпул