Модриќ по поразот на „Ел Класико“: Штета, бевме многу подобри од Барса

378

Хрватскиот ветеран во составот на Реал (М), Лука Модриќ жали за поразот од Барселона во првиот полуфинален меч од Копа дел Реј. По синоќешната пресметка и поразот на домашен терен од 1:0, Модриќ вели дека истиот е незаслужен.

„Штета е, затоа што игравме навистина добро, дури и ако ни недостасуваше острина во нападот. Создадовме неколку шанси од кои не успеавме да постигнеме гол, но мислам дека одигравме прилично добар натпревар. Не размислуваме за нивните повредени играчи, бидејќи Барселона е секогаш силен тим, без разлика дали има повреди или не. Создадовме доволно шанси а да постигнеме гол, но не успеавме. Тие постигнаа среќен гол и го добија натпреварот, но мислам дека бевме подобри“, вели Модриќ.

Реваншот е на „Камп Ноу“ на 5 април.

ПретходноСопствениците на Формула 1 сакаат да купат дел од Ливерпул
СледноДабл-дабл учинок на Јакимовски и шеста врзана победа за Вашингтон Стејт