Дабл-дабл учинок на Јакимовски и шеста врзана победа за Вашингтон Стејт

154

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден извонреден натпревар за колеџот Вашингтон Стетј обезбедувајќи важна победа над ривалот Вашингтон со 93:84 во рамкиите на продолжението од сезоната во НЦАА лигата во САД.

Јакимовски за околу 32 минути поминати на паркетот оствари дабл-дабл учинок од 12 поени и дури 17 реализирани скокови и беше трет најдобар поентер во својот тим, кој врза шест последователни победи и ја има една од најдолгите низи без пораз во рамките на дивизијата.

За Вашинтгтон Стејт ова беше 16-та победа со која се искачија на 7. место во пацифик-12 конкуренцијата.

ПретходноМодриќ по поразот на „Ел Класико“: Штета, бевме многу подобри од Барса
СледноПерез подготвува „напад“ на Мбапе со сума од 220 милиони евра!