Играчот од средниот ред на Вулверхемптон Пабло Сарабија, кој направи трансфер во англискиот клуб од Пари Сен Жермен зборуваше за ситуацијата во парискиот клуб.
„Прекрасно е чувството да се игра со Меси, Мбапе и Нејмар. Тоа е големо искуство за мене, меѓутоа покрај нив не се чувствував важен. Јас повеќе сакам да играм во тим во кој сите сме еднакви, каде владее заедништво, да бидам во пријателска средина, не во средина со индивидуални ѕвезди.
Се чувствував мизерно кога не играв. Многу е тешко да се игра со играчи од нивото на ПСЖ, па решив да одам во Вулверхемптон. Доживеав многу тешки моменти во кариерата, но сега сакам да уживам во мојата работа. Чувствувам дека сега е врвот на мојата кариера“, рече Сарабија, цитиран од Телеграф.
Да потсетиме, Сарабија од 2019 до 2023 година одигра 98 натпревари за клубот од француската престолнина, постигна 22 гола и даде 12 асистенции.