Лука Јовиќ: Се во Реал беше погрешно

682

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ после одличните настапи за Ајнтрахт од Франкфурт направи трансфер во Реал Мадрид и потоа тотално се изгуби. Лошите игри во „кралскиот клуб“ го ставија на клупа, а потоа мораше да направи трансфер во Фиорентина каде што се обидува да ја врати старата форма.

Јовиќ зборуваше за трансферот во Реал и зошто не успеал таму.

Таму се беше погрешно од самиот старт. Прерано заминав од Ајнтрахт, после само една добра сезона. Сите светла беа вперени кон мене и за момче кое има 21 година му беше тешко да се снајде во еден од најголемите клубови во светот. Повреди, корона вирус, огромен притисок беше тоа кој не беше фер. Сето тоа доведе до лошо искуство. Морв да заминам. Неколку клубови беа заинтересирани за мене. Ја одбрав Фиорентина затоа што подолго време ме следеше и почувствував дека можам да се најдам таму. Се трудам да дадам се од себе, ова е идеално друштво кое ми е пријатно“, изјави Јовиќ.

Фиорентина викендов ќе игра со Милан.

 

ПретходноРоналдо: Меси е подобар? Тогаш оди гледај го, зошто си тука!?
СледноНајлудиот црвен картон во историјата: Да ви е*ам мајката лоповска, стопати! (ВИДЕО)