Дресот со кој стана европски првак Антиќ го стави на аукција, парите ќе ги донира во Турција!

370

Перо Антиќ направи голем хуман гест. Првиот човек на КФСМ ќе им помогне на сите оние кои беа погодени од страшниот земјотрес во Турција, земја во која живееше одредено време додека настапуваше за Фенербахче.

Антиќ одлучи да го стави на аукција дресот од Фенербахче со кого стана првак во Евролига против Олимпијакос.

Парите кои ќе бидат собрани, тој ќе ги донира на оние на кои им е најпотребна помош. Во Турција многу семејства остнаа без своите најблиски, но и без своите домови.

ПретходноХарден го украде шоуто, Филаделфија ја прекина серијата на Милвоки (ВИДЕО)
СледноАденис Шаља: Посакувам Шкендија да победи во Штип, посакувам да бидам стрелец!