Футсал: Македонија на мегдан со Шведска, се посакува победа за крај на квалификациите!

251

Вечерва во 19 часот, во салата „Јане Сандански“ во Скопје, нашата најдобра футсал селекција предводена од селекторот Васко Скендеровски, ќе го одигра својот последен меч во квалификациите за СП.

Противник на нашите момци е силната селекција на Шведска, репрезентација која на свој терен во првиот меч од групата 10 успеа да забележа висока победа над Македонија со 5:2. Секако дека ова ќе биде убава шанса за реванш, за победа во овој последен натпревар за нашата најдобар футсал селекција.

Во пресрет на дуелот со Шведска, да напоменеме дека досега во изминатииот дел од квалификациите нашата селекција успеа да освои само еден бод, и тоа против Италија на свој терен кога резултатот беше 3:3. Покрај тие 5:2 на гости кај Шведска доживеавме уште еден пораз и тоа од Италија пред неколку дена на гости со 6:3.

ПретходноИ тоа е можно, примија гол, се налутија и го напуштија теренот (ВИДЕО)
СледноМбапе се жали: Си купив Ферари, а немам возачка! (ВИДЕО)