Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров дефинитивно нема да смета и на Жарко Пешевски и Марио Танкоски на двомечот со Португалија за ЕП 2024 година.
Двајцата ракометари се појавија на денешниот собир, но и двајцата имаат повреди кои бараат одмор, секој поголем напор би се одразил лошо во продолжение на сезоната.
Донесена е одлука да ги прескокнат овие средби, а да бидат на располагање за последните два меча од овие квалификации на кои реално треба да ставиме печат на визата за ЕУРО 2024 година.
Македонија на 9. овој месец во Скопје ја пречекува Португалија, три дена подоцна е гостин во Порто.
За постетување во составот нема да бидат: Талески, Манасков, Георгиевски и Павле Атанасијевиќ.