На само три месеци пред крајот на сезоната, Реал Мадрид и тоа како се подготвува за летниот преоден рок. Секако дека од едно од главните прашање е што со Карим Бензема. На Французинот му истекува договорот а сеуште нема конечно -ДА од двете страни за продолжување на истиот. Се шпекулира дека Бензема побарал поголема плата иако тој ја зема втората најголема во Реал Мадрид, веднаш по онаа Еден Азар.
Флорентинот Перез, првиот човек на Реал Мадрид не е баш најсречен поради тоа, имено познат е неговиот став за искусните играчи и немал намера да му ја зголеми платата на Бензема без разлика што се знае што значи напаѓачот за тимот.
Па така Дон Флорентино имал намера, ако Бензема не се “вразуми“, да почне преговори за транфер на Ерлинг Халанд. Сега колку е ова изводлива варијанта или потег со кој ќе се направи притисок врз Бензема, демек се преговара со Норвежанецот тоа го знае само Дон Флорентино.