Јокиќ урна рекорд стар 55 години, но Денвер загуби (ВИДЕО)

301

Сан Антонио го победи Денвер со 128-120 нанесувајќи му го вториот пораз во низа на лидерот во Западната конференција. На Нагетси не им беше доволен ниту Никола Јокиќ и неговиот нов трипл-дабл од 37 поени, 11 скока и 11 асистенции.

Ова беше прв пораз за Денвер во меч на кој Јокиќ има трипл-дабл. Исто така за српскиот центар ова беше 33 меч во кој успеал да оствари десет или повеќе асистенции. На овој начин тој го престигна Вилт Чембрелн, го урна неговиот рекорд од 1967/68.

Кај Сан Антонио Џонџон со 23 поени, 6 асистенции и 8 скока беше најдобар.

Во третата четвртина за малку ќе дојдеше до тепачка меѓу Колинс и Портер. Но, играчите на двете страни не дозволија да ескалира целата ситуација, веднаш ги раздвоија.

Резултати: Филаделфија – Портландф 120-119, Вашингтон – Атланта 107-114, Мајами – Кливленд 119-115, Минесота – Бруклин 123-124, Сан Антонио – Денвер 128-120, ЛА Лејкерс – Торонто 122-112.

ПретходноТухел го учи шпанскиот јазик, ја чека животната понуда!
СледноИзненадување на стартот: Циципас елиминиран од 87-от тенисер!