Робињо е во бегство: Полицијата трага по екс-репрезентативецот на Бразил кој треба да оди во затвор

294

Федералното обвинителство на Бразил во последните денови од февруари го поддржа апсењето на поранешниот бразилски репрезентативец Робињо за да ја отслужи 9-годишната затворска казна во татковината. Тој беше осуден од италијанските власти за вмешаност во групно силување во 2013 година, но тој беше во Бразил кога беше донесена пресудата, па Бразил не сака да го екстрадира како свој граѓанин.

Бразилските власти издадоа налог за апсење, но од Робињо нема ни трага ни глас. Засега никој не знае каде се наоѓа поранешниот играч на Реал Мадрид, Милан и Манчестер Сити: Полицијата објави дека не успеала да го пронајде на домашна адреса и трагата по него.

ПретходноБарса се „тресе“ од судијата Манзано: Само да не направи „масакр“ пред „Ел Класико“
СледноТФТ имаше сили само за едно полувреме против лидерот во АБА 2 лигата