Дориан Бабунски за триумф на Дебрецин (ВИДЕО)

296

Македонскиот репрезентативец и интернационалец Дориан Бабунски стигна до десет гола сезонава во шампионатот на Унгарија. Предмалку со неговиот погодок, тимот на Дебрецин успеа да слави на гостувањето кај Кишварда со мининални 0:1.

Бабунски погоди на самиот старт на вториот дел во 48. минута, кога искористи една одлично пробивање по левата крилна позиција.

На спротивната страна пак во финишот од клупата проба да помогне, Марио Илиевски, но дваесетина минути беа премалку за да направи нешто капитенот на У21 репрезентацијата на Македонија.

ПретходноВоска и Гостивар одиграа 0:0 за Вардар
СледноРеал со пресврт до домашен триумф (ВИДЕО)