Италијанскиот интернационалец Николо Заниоло го постигна победничкиот гол за Галатасарај на дуелот со Касимпаша (1:0). Заниоло направи трансфер од Рома во Галата во февруари за 15 милиони евра, но немаше можност да дебитира затоа што тогаш турската лига беше во пауза поради разорувачкиот земјотрес кој ја погоди Турција.
Денеска Галата играше со Касимпаша, Заниоло влезе во игра во второто полувреме и по само 10 минути постигна гол кој се покажа како победнички.
Zaniolo’nun golü ve ‘Muhammed Emin Özkan’ için yapılan anons #Galatasaray pic.twitter.com/Yk68BagzQY
— Fanatik (@fanatikcomtr) March 11, 2023