Баерн Минхен го задржа водството во Бундес-лигата совладувајќи го Аугсбург со 5:3 на домашен терен во 24. коло. Баварскиот гигант ја забележа 15-та победа од почетокот на првенството и е прв на табелата со 52 бода, два повеќе од Борусија Дортмунд. Од друга страна, Аугсбург е на 13. позиција со 27 бодови.
По оваа средба Аугсбург со „пецна“ ПСЖ на „Твитер“ потенцирајќи дека трите гола против Баерн не се мала работа, објавија фотографија со бројот 0 покрај Нејмар, Мбапе и Меси, односно ПСЖ, а покрај Аугсбург број 3. Тоа јасно алудира на бројот на постигнати голови на натпреварите против Баварците.
Despite the loss, we can still look to the positives. pic.twitter.com/S0LckeJqj5
— FC Augsburg (@FCA_World) March 11, 2023
Фото: Аугсбург/Твитер