Три дена по поразот од Португалија во Скопје, прв во квалификациите за пласман на ЕП 2024 година, македонската ракометна репрезентација денеска (18:30) мора да се испрати бидејќи го игра реваншот против фаворитот во нашата група 1.
Подмладената Македонија без голем број искусни имиња од Светското првенство пружи силен отпор до пред самиот крај. Во второто полувреме успеа да надокнади негатива и да поведе, но искуството на крајот си го стори своето. Португалија си замина со нереална победа од шест гола.
Иако беа поразени, ракометарите не ја губат желбата за надигрување, тажни се поради поразот, бидејќи имаа шанса овој меч да го завршат поинаку, но истовремено најавуваат нова максимална битка.
„Одигравме добар и тежок натпревар. Се боревме до последната секунда. Не сум среќен што загубивме, но мора да ги кренеме главите и во Португалија да одиграме најдобро што можеме. Ги поправаме грешките од Светското првенство и верувам дека ќе биде многу подобро во иднина“, изјави Мартин Серафимов.
Македонија сега е втора во групата, со една победа ќе го потврди своето место на ЕП 2024 година, а истата доколку не успее да изненади вечерва ќе ја бара против Турција на домашен терен и Луксембург на гости во април. Ова две репрезентации кои Избраниците на Кирил Лазаров ги совладаа на стартот.