Се јавил во Мадрид за да им побара дефанзивец, после 48 часа повторно седнал на клупата на Реал!

487

Навистина неверојатна приказна на Карло Анчелоти за тоа како се вратил на клупата на Реал Мадрид. Додека тој беше тренер на Евертон, се јавил во својот некогашен клуб за да побара дефанзивец за “карамелите“, но се случило чудо. Имено по тој повик, Карло по само 48 часа веќе бил седнат на клупата на “кралевите“.

Се знаеше дека Зидан заминува, а како опции беа Конте, Алегри и Покетино. Јас се јавив за да им побарам дефанзивец за мојот Евертон, но кога веќе почнавме да разговараме со првите луѓе на Реал, сфатив дека тие сеуште бараат тренер. Ме прашаа што мислам на таа тема, а јас им одговорив дека на нив им треба нандобриот. Ме прашаа, а, кој е тој? Јас им одговорив зарем заборавивте кој во 2014 ви го донесе пехарот во ЛШ. По кусо време се јави Перез и тоа беше тоа, јас повторно бев стратег на Реал Мадрид“ посочи Карло Анчелоти кој во минатата сезона му донесе на Реал уште еден пехар во ЛШ.

ПретходноСерафимов: Мора да ги кренеме главите и да одиграме најдобро што можеме!
СледноСо месеци се чекаше моментот, Вардар повторно е прво место