Одермат е светски шампион во велеслалом

76

Со денешната победа на велеслаломот во словенечка Крањска Гора, Марко Одермат и официјално стана старо нов светски шампион во велеслалом.

Швајцарецот до победата стигна со вкупно време од 2:20.91 минути што беше за 32 стотинки подобро од второпласираниот Норвежанец Хенрик Кристоферсе. Подиумот го надополни Французинот Алексис Пантуро со заостанување од 70 стоти делови од секундата зад времето на победникот.

Ако на ова се додаде титулата и во супер џи како и во севкупниот плсман тоа дефинитивно значи дека Одермат е во моментов број еден скијач во светот.

 

ПретходноМЗТ Скопје не знае да победува на гости, Мега се реваншираше во незгодно време (ФОТО)
СледноНиколиќ: Покрај најмладиот тим во лигата – изгледавме неискусно! Ќе жалиме за овој меч!