Јувентус подобар од Сампдорија, Влаховиќ промаши пенал (ВИДЕО)

106

Фудбалерите на Јувентус вечерва ја совладаа Сампдорија со 4:2  во меч од 27. коло во Серија А. Јуве водеше со 2:0, но гостите од Џенова се вратија за 2:2, резултат со кој се замина на одмор.

Вистински фудбалски огномет имеше во првото полувреме, а се започна во 11. минута со голот на Бремер. Предноста ја удвои Адриен Рабиот во 26. Минута, по што следуваше серија на избраниците на Дејан Станковиќ. Томазо Ауџело го намали резултатот во 31. минута, а во следната Филип Ѓуричиќ донесе израмнување.

Адриен Рабиот во 64. минута донесе нова предност за домашниот тим, кој во 69. минута преку Душан Влаховиќ промаши пенал.

Конечниот резултат го постави Матијас Суле во судиското надополнување.

ПретходноУникс им врати на победите, 10 асистенции и 7 поени за Димитријевиќ
СледноБарса го преживеа „Сан Мамеш“, ВАР поништи гол за Билбао во 90. минута (ВИДЕО)