Управата на Ливерпул соопшти дека клубот нема намера да пушта играчи за ОИ во Токио. Мохамед Салах кој треба ше ад игра на Олимпијадата, веројатно тоа нема да го стори.
„Го замоливме Ливерпул да го пушти Салах во олимпискиот тим на Египет, но тие ми рекоа дека чекаат дозвола од стручниот штаб. На крајот ме одбија затоа што не сакаат да загубат ниту еден играч пред почетокот на сезоната. Разговаравме со Салах и тој рече дека ќе разговара со стручниот штаб“, изјави претседателот на египетската фудбалска федерација, Ахмед Мегахед.