Во Струмица се одржа меморијалниот турнир „Кире Велков“ (ФОТО)

80

Изминатата недела се одржа вториот меморијален турнир во чест на Кире Велков. На турнирот учесвуваа преставници од Србија и Бугарија со што од оваа година доби карактер и на меѓународен турнир.

На турнирот беа доделени признанија на првата машка екипа  во Струмица која за прв пат во сеозна 1983/84 освои пехар во јуниорска конкуренција.

1.Горан Тошев ( член на пионерска репрезентација на Македонија и учесник на Државни првенства во СФРЈ за младинци. Во 2000г под покровителство на општина Струмица е избран за спортист на милениумот  )
2.Ристо Танушев
3.Горан Југовски
4.Љамо Спасов
5.Ѓорги Поцков
Оваа екипа (во тоа време името на клубот е СТК Југотекс) под водство на Ѓорги Поцков во 1984 година учествуваше на Државно екипно првенство во Осјек и е единствен македонски претставник на оваа првенство што претставувало прв најголем успех на пинг-понгот во Македонија.

Исто така признание беше доделено и на Ѓорѓи Ѓотев – голем пингпонгарски талент и прв играч повикан на подготовки со јуниорската репрезентација на Југославијаа.
Плакета за долгогодишна и успешна соработка беше доделена на:
1. Михаил Габелоски – ППК Крушево
2. Мики Трендафиловски – ППК Куманово

Плакета за поддршка и унапредување во пинг – понгот беше доделено и на градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, како и на претседателот на Пинг-понгарската Федерација Горан Тиловски.

Постигнати се следниве резултати:
Кадетки:
1. Фани Јовановска
2. Матеја Смолиќ
3. Моника Стајковска
3. Сара Ризовска
Јуниори:
1. Даниел Главевски
2. Нико Доага
3. Борис Секулов
3. Лука Стојчев
Сениорки:
1. Амелија Николов
2. Ива Димитриевска
3. Изабела Ковачовска
3. Емилија Марковска
Сениори:
1. Драган Џорџевиќ
2. Петар Костовски
3. Антонио Стомнаровски
3. Драгомир Драганов
ПретходноЛШ: Интер по прво четвртфинале во 12 години, „биковите“ по сензација на „Етихад“
СледноФЛЕКС КРЕДИТ ЗАОКРУЖУВА БРОЈКА ОД 60 ФИЛИЈАЛИ