ЛШ: Интер по прво четвртфинале во 12 години, „биковите“ по сензација на „Етихад“

77

Порто и Интер вечерва се среќаваат во еден од можеби највозбудливите дуели од реванш осминафиналните пресметки во Лигата на шампионите. „Нероаѕурите“ имаат минимална предност од еден гол по првиот меч во Милано, кога Ромелу Лукаку им обезбеди победа со која се надеваат дека можат да го „преживеат“ „Драгао“ и да се најдат меѓу осумте најдобри.

Домаќинот е многу успешен против италијанските тимови во европските турнири под водство на Серхио Консеисао и сигурно ќе сака да ја продолжи таа традиција. Веќе ги елиминираа Рома и Јувентус токму во осминафиналето на ЛШ во 2018/19 односно 2020/21 година, а во последната сезона забележаа победа и реми против Милан во групната фаза, по што го елиминираа Лацио во Лигата на Европа. Интер се надева на свое прво четвртфинале по сезоната 2010/11.

Тренерот на Португалците нема да може дасмета на суспендираниот Отавио, а Вендерсон Галено и Еванилсон се повредени и се под знак прашалник. Кај Интер, Робин Госенс ​​и Далберт се повредени, а Милан Шкрињар и Хоакин Кореа се под сериозни прашалници за настап вечерва.


МОЖНИ СОСТАВИ

ПОРТО: Коста; Марио, Пепе, Кардосо, Сануси; Грујиќ, Урибе; Франко, Пепе, Галено; Тареми

ИНТЕР: Онана; Де Врај, Ачерби, Бастони; Дамфрис, Барела, Чалханоглу, Мхитарјан, Димарко; Мартинез, Џеко


Манчестер Сити е домаќин на РБ Лајпциг на стадионот „Етихад“, без предност, откако првиот меч на „Ред Бул арената“ заврши без победник – 1:1. Последен пат „граѓаните“ беа елиминирани во оваа фаза од Лигата на шампионите во сезоната 2016/17, кога беа исфрлени од Монако. Сити може да го израмни рекордот на Арсенал стар 14 години за најмногу натпревари без пораз на домашен терен во Лигата на шампионите на некој англиски тим. Серијата без пораз на „граѓаните“ на стадионот „Етихад“сега изнесува 23 натпревари.

Гвардиола нема никакви проблеми со повредени играчи, па може да се потпре на најдоброто што му стои на располагање. За гостинскиот тренер Марко Розе непријатно е отсуството на Кристофер Нкунку, кој пред две години постигна хет-трик на стадионот „Етихад“. Во аут поради повреди се и Гулачи, Диало и Шлагер.


МОЖНИ СОСТАВИ:

МАНЧЕСТЕР С.: Едерсон; Вокер, Аканџи, Диас, Аке; Де Бруин, Родри, Гундоган; Марез, Халанд, Грилиш

РБ ЛАЈПЦИГ: Бласвич; Хенрикс, Орбан, Гвардиол, Халстенберг; Лајмер, Хајдара; Собошлај, Форсберг, Вернер; Силва


 

ПретходноШампионот ѝ се реваншираше на Шкендија
СледноВо Струмица се одржа меморијалниот турнир „Кире Велков“ (ФОТО)