На Копа Америка „врие“, судијата асистент во триумфот на Бразил (ВИДЕО)

832
0

Репрезентацијата на Бразил синоќа во рамките од Копа Америка, дојде до тежок триумф против селекцијата на Колумбија во рамките од третото коло со конечни 2:1.

Победничкиот гол поситгнат во десеттата минута од продолжението. Сепак, проблематичен не е тој победнички гол туку оној за 1:1, на Фирмињо, во кој асистент беше во буквална смисла главниот судија. Тој заборави на правилото, дека кога топката че го погоди и директно ќе влијае на играта дека истата мора да биде сопрена, дозволи таа да продолжи, а во продолжение Бразил изедначи. Колумбијците попусто се бунеа, затоа што на Бразил голот беше признат. Тој погодок во многу влијаеше Бразил да има добра ситуација подоцна во мечот, а на крајот и да победи.

ПретходноЛиверпул не ги пушта играчите на ОИ во Токио
СледноСкопје домаќин на силен младински турнир