Не во Реал Мадрид, не во Манчестер Сити, Ливерпул или Челзи, уште помалку во ПСЖ, туку во Манчестер Јунајтед. Имено како што денеска објавуваат медиумите во Германија и Англија, Џад Белингам (19) веќе одбрал, а тоа е Јунајтед. Англискиот репрезентативец се враќа дома, а Борусија Дормунд, како отштета ќе добие неверојатни 125 милиони евра. И со оваа сума Белингам ќе биде најскапиот фудбалер, или трансферот на Белингам ќе биде најскапиот во историјата на Премиерлигата.
Познато е дека засега рекордот го држи Енцио Фернандез, кој пред два месеци од Бенфика се пресели во Челзи за 121 милиони евра.