Саутгејт не ги повика Стерлинг и Александер-Арнолд за мечевите со Италија и Украина!

179

Герет Саутгејт денеска го објави списокот на играчи на кои смета за квалификациските натпревари за ЕВРО 2024 со Италија и Украина во овој мартовски циклус. За нас е интересно дека Англија, како и Италија и Украина се дел од нашата Ц- група во квалификациите за ЕВРО 2024. Уште е тука и Малта со која играме ние на 23 март.

Истиот ден, на 23 март се игра дербито во групата меѓу Италија и Англија.

На списокот на селекторот на Англија, ги нема Рахим Стерлинг (Челзи) и Трент Александер – Арнолд (Ливерпул).

Во продолжение можете да го видите списокот на Саутгејт.

ПретходноФановите на ПСЖ спремаат протести против Меси: Да си одиш!
СледноКалин Ивановски со пресврт до 1/4 финале на турнирот во Франција!