Почнува мисијата „Евро 2024“: Вечерва собир на репрезентацијата пред мечот со Малта

236

Македонската фудбалска репрезентација попладнево од 17 часот ќе го има официјалниот собир на стартот од подготовките за првиот меч од новиот квалификациски циклус за Европското првенство во 2024 година. Според планот на селекторот Благоја Милевски, повиканите фудбалери треба да се појават денеска во 17 часот во хотелот „Хилтон“ во Скопје, по што веќе два часа подоцна треба да одржат и првиот заеднички тренинг.

Македонија стартува со подготовките за првиот квалификациски меч од циклусот за Евро 2024 кој в четврток на домашен терен го играме против селекцијата на Малта. На првиот собир најверојатно ќе недостасуваат неколкумина интернационалци кои треба да го комплетираат составот во текот на вечерта.

Според планот, избраниците на Милевски ќе тренираат во Скопје на тренинг центарот на ФФМ.

Претходно„Џордан без Пипен и Џексон е само мит, не успеа во ништо друго“
Следно„Ел Класико“ бр. 4 за оваа сезона: Досега најжешко, одлучувачко, со огромен притисок…