Битолчани ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Вардар 1961 и Пелистер!

695

Во недела во СЦ „Јане Сандански“ ќе се одигра првата пресметка меѓу Вардар 1961 и Пелистер оваа сезона. Двата најсериозни кандидати за титулата ќе имаат шанса да направат чекор напред кон тронот, и двата тима по четири кола во плеј-офот немаат пораз.

Правдата на теренот ќе ја дели битолската судиска двојка, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека делегати ќе бидат Драган Начевски и Ацо Николовски.

Билетите за овој дуел веќе се пуштени во продажба, а пред самата средба, клубовите излегоа со заеднички соопштение во кое посакаа мирна атмосфера, дербито да биде вистински празник на ракометот.

ПретходноМикеле Марколини: Не знам колку и дали Македонија е подобра од нас!
СледноАлба се пристетува на денот кога Меси си замина: Две минути не знаев за себе!