Во последниот меч од 21.коло во ВМФЛ, во супер – пресметката меѓу два аспиранти за пласман во елитата, попладнево во Охрид, домашната екипа на Воска со 2:1 успеа да го победи Пелистер. И тоа со прекрасниот гол на Изаир Емини од слободен удар од 20 метри уште во 10.минута.А потоа и со вториот гол во 77.минута. Маневски од пенал во 90+2.минута погоди за конечни 2:1.
Многу, многу значајни три бода за тимот од Охрид, додека Пелистер сега и тоа како се одалечи од трката за пласман во ПМФЛ.
Мечот започна со она почетно испитување на силите, но домашните многу бргу, уште во 10.минута успеаја да поведат со веќе споменатиот гол на капитенот Емини.
Тврдо, без многу шанси, со нервоза и тензии, тоа го имаше на теренот и не само во првиот дел туку и во текот на сите 90 минути.
Пелистер се обидуваше да стори нешто, имаше голема шанса во 39.минута но во тие моменти остана резултатот 1:0 за Воска, со кој и се замина на пауза.
Во 53.минута Воска можеше да поведе, голема шанса имаа домашните, но таа топка за малку отиде над гол.
Пелистер никако не успеваше на да наметне игра на теренот во второто полувреме, Воска едноставно ги контролираше настаните на теренот.
Се играше 77.минута кога по еден кикс на гостите, топката дојде до Емини кој умешно стрелаше за 2:0. Гол со кој Пелистер беше скршен.
Во самиот финиш на средбата Љамчевски доби црвен картон со што битолчани останаа со играч помалку на теренот.
Во 90+2.минута Пелистер преку Маневски со гол од пенал ги постави конечните 2:1.
Реално Воска го надигра Пелистер и заслужено славеше во ова супер – дерби.
ТАБЕЛА:
Вардар 52, Воска 50, Гостивар 48, Пелистер 43…бодови