Хитот во Премиер-лига, тимот на Брајтон објави податоци за деловните активности од минатата година. Англиските медиуми во нив пронајдоа интересни работи, а една од нив е сумата која Челзи ја плати за да го доведе поранешниот тренер на овој клуб, Грем Потер.
Челзи му платил на Брајтон нешто повеќе од 24 милиони евра за да го направи Потер нов тренер. Се верува дека тоа е најголемата сума во историјата за доведување тренер. Иронично е што Потер беше под закана дека ќе биде отпуштен добар дел од оваа сезона.
Челзи е на десеттото место на табелата во Премиер лигата, но се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Лошата вест е што таму го чека Реал Мадрид кој го брани европскиот првак откако ги загуби речиси сите шанси да стане шпански првак.