Шампионот го потврди новиот тренер: Добредојде Џихан Арслан! (ФОТО)

441

И повторно она што “Спортмедиа“ ексклузивно го објави, Шкупи попладнево и го потврди. Нов шеф на стручниот штаб на шампионот од денеска и официјално е Џихан Арслан. Тој веќе го одработи и првиот тренинг денеска со тимот.

May be an image of 2 people, people standing and grass

А еве што стои во објавата на ФБ на Шкупи во врска со новиот тренер:

По раскинувањето на соработката со тренерот Седлоски, клубот работи на ангажман на новиот тренер во наредните денови. Постигнавме договор со еден од најреномираните тренери во турскиот шампионат, Џихан Арслан, кој во текот на својата кариера го водеше еден од најпознатите турски суперлигаши Башакшехир. Вреди да се напомене дека Арслан го предводеше тимот на Акисар, кој потекнува од мал град, со кој тимот се натпреваруваше и во Лига Европа.
Токму добрите настапи и учеството во групите од Лига Европа и многу други успеси во турскиот фудбал решија да се договорат со тренерот Џихат Арслан.
Го пречекуваме и Февзи Лајиќ, кого го гледаме како член на нашето бело-сино семејство, кој ќе биде дел од стручниот штаб на нашиот тренер.
Се надеваме дека заедно повторно ќе постигнеме големи успеси.
Во ова патување ќе чекориме заедно во исполнување на нашите соништа“
објавија од Шкупи.

ПретходноМајорка казни свој навивач поради расистичка навреда кон ѕвездата на Реал
СледноВеспрем го растури Пик Сегед со 13 гола разлика