Јубилеј: Муслиу вечерва по 50-ти пат ќе го носи дресот на Македонија!

328

Натпреварот со Малта вечерва ќе биде од посебно значење за Висар Муслиу, стоперот кој важи за еден од клучните наши фудбалери, без кого едноставно селекторот Благоја Милевски не може да го замисли стартниот состав на А-репрезентацијата на Македонија веќе подолго време.

Имено Муслиу, вечерва на дуелот со Малта ќе прослави јубилеј, тој по 50-ти пат ќе го носи дресот на А-репрезентацијата на Македонија, дресот на својата земја.

Дефанзивецот со своите 28 години досега одигра 49 пати за А- репрезентацијата, а има постигнато и еден гол. Оној со Лихтенштајн во Струмица.

Тој влегува во одбрано друштво. Малкумина можат да се пофалат дека играле за својата репрезентација 50 пати.

На големиот борец му го честитаме јубилејот, му посакуваме добар настап и победа.

Инаку Муслиу досега има настапи на ЕП за младинци во 2017 во Полска и на ЕВРО 2020 со А- репрезентацијата.

ПретходноГи обвини судиите дека се поткупени, сега го чека сериозна казна (ВИДЕО)
СледноЛацио со доживотни забрани за влез на стадион за тројца свои навивачи