Драма во Плоцк без победник

151

Третата осминафинална пресметка од денешната програма во Лигата на шампиони заврши без победник. Висла Плоцк на домашен терен одигра без победник против Нант (32-32). Патникот за четвртфинале ќе биде решен на реваншот во Нант за една недела.

На оваа средба правдата ја делеа македонските судии, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Полскиот тим по првото полувреме имаше негатива од четири гола (14-18). Во вториот дел целосно ја промени играта, врати на ист начин, и се избори за реми.

Лучин со шест гола беше прв стрелец кај Висла, зад него со гол помалку беше Житников. Кај гостите Ривера Валеро имаше девет погодоци.

ПретходноУтре Роналдо ја испишува историјата: По 197 пат во дресот на Португалија!
СледноСамо во Србија: Дошол од БиХ да биде тренер во Нови Пазар и веднаш си побегнал!