ПОЛУВРЕМЕ: Македонија подобра, но нема реализација

82

По првото полувреме без голови на мечот меѓу Македонија и Малта во првиот меч од квалификациите за ЕП. На стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, македонскиот национален тим ја има топката во посед меѓутоа гостите добро се бранат и ги одбиваат сите наши напади.

Сите центаршутеви добри ги исфрлија Малтежаните,  имавме и една добра акција преку Барди која за малку Миовски не ја претвори во гол (пред него стигна еден од противничките играчи), потоа и Ристовски се најде во позиција за шут од косо, но топката удри во еден гостински дефанзивец.

Ќе мора во вториот дел да ги отвориме Малтежаните и посериозно да го нападнеме противничкиот гол. Вака попусто добро играме кога нема реализација.

 

ПретходноИталија против Англија за првпат по 29 години без играч на Јувентус
СледноВо Бразил 152 сомнителни натпревари во 2022 година, во Русија 92…