Репрезентацијата на Англија ги освои бодовите на првиот квалификациски меч од групата Ц по победата над Италија во Неапол. Англија која ќе биде нашиот нареден противник во квалификациите поведе со 0:2 во првото полувреме со головите на Деклан Рајс и на Хари Кејн.
Во 56 минута за Италија гол постигна дебитантот Матео Ретегуи. За ова момче се пишуваше многу, тој е роден во Аргентина и игра во локалната лига, за Тигре, но има италијански корени, па Манчини го повика во репрезентацијата.
„Аѕурите“ сепак не успеаја да постигнат уште еден гол и да спасат барем бод.
РЕЗУЛТАТИ
КАЗАХСТАН – СЛОВЕНИЈА 1:2
БИХ – ИСЛАНД 3:0
ДАНСКА – ФИНСКА 3:1
ИТАЛИЈА – АНГЛИЈА 1:2
МАКЕДОНИЈА – МАЛТА 2:1
ПОРТУГАЛИЈА – ЛИХТЕНШТАЈН 4:0
САН МАРИНО – С.ИРСКА 0:2
СЛОВАЧКА – ЛУКСЕМБУРГ 0:0