Марколини: Мечот се смени кога во игра влезе Чурлинов

456

Селекторот на Малта, Микеле Марколини вели дека неговиот тим играл добро, всушност се било добро освен конечниот резултат кој беше 2:1 за Македонија.

Денеска се беше добро освен конечниот резултат. Игравме против квалитетен тим со многу добри поединци. Мечот се смени кога во игра влезе Чурлинов.

Сепак, горд сум на моите фудбалери. Загубивме тесно но создававме шанси. Според многумина сме најслаби во групата и е лесно да се победи со нас. Ние сепак играме со срце и секогаш ќе биде тешко да се игра против нас. Не сакам да губам но овојпат Малта може да биде среќна со овој перформанс“, изјави Марколини.

Не е битно со кого играме важно е да играме најдобро со можеме. Оваа група за нас значи и собирање на искуство. Да земеме бод ке биде многу тешко. Но ние немаме што да загубиме. Секако дека не стартуваме меч за да го загубиме“, додаде селекторот на Малта.

 

Претходно„Бомба“ во Минхен: Нагелсман доби отказ, Тухел е новиот тренер на Баерн!
СледноФОТО ВЕСТ: Селeкторот Милевски мечот го заврши на трибини!