Срѓан Захариевски – стручен коментар: Тешко се игра под притисок!

696

Македонија вечерва во Скопје на својот прв меч од квалификациите за ЕВРО 2024 успеа да ја победи Малта со2:1 и да ги освои планираните три бода.

За тоа како го виде и како од стручен агол го оценува мечот, за „Спортмедиа“ говори нашиот познат тренер Срѓан Захариевски:

Најважно е што се победи. Кога се играат вакви мечеви, а посебно кога тие се први во групата, и кога мораш да победиш по секоја цена е тогаш си имаш проблем. Притисокот, императивот е голем и кога е така тогаш играш во грч. Јасно е дека во првиот дел не бевме добри, едноставно не успеавме да искреираме шанса за гол и се виде дека ни недостига тоа.

Во вториот дел беше подобро, веројатно и влегувањето на Чурлинов придонесе да се добие таа свежина. Јас сум задоволен од победатам, од трите бода, реков овие натпревари се тешки за играње, кога знаеш дека играш со најслабата репрезентација во групата а мораш да победиш. Се надевам и очекувам дека на наредните мечеви ќе биде подобро, ќе играме порелаксирано. Да завршам, најважно е што се победи, се друго се заборава“ заклучи Захариевски.

ПретходноЕлиф Елмас: Тежок натпревар, најважно е што победивме!
СледноДимитриевски: Горд сум што изедначив рекорд на еден од најдобрите во историјата Петар Милошевски