Фото: Твитер/@CanadiensMTL
Монтреал канедиенс по пауза од 28 години стигна до финалето на Стенли купот. Тоа се случи откако ги победија Вегас Голден Најтс и ја заокружија серијата со 4:2. Монтреал утринава ги совлада „Витезите“ со 3:2 во 6. меч на кој блескаше голманот Кери Прајс со 37 одбрани од вкупно 39 шутеви.
Монтреал е најстариот и најуспешниот клуб во истријата на НХЛ со 24 титули во Стенли купот. Но последното финале и освоена титула им е од 1993 година кога во завршниот меч славеа над Л.А. Кингс.
Во борба за трофејот Монтреал ќе игра со подобриот од Тампа Беј и Њујорк Ајландерс. Таму резултатот е 3:3. Да кажеме дека Тампа Беј е минатогодишниот освојувач на трофејот.