МВР се огласи: 18 приведени во инцидентот на ракометното дерби

3676

По вчерашниот инцидент на дербито меѓу Вардар и Е. Пелистер одиграно во СЦ „Јане Сандански“, од МВР утрово излегоа со официјални информации. Според полицијата, приведени се 18 лица.

„На 26.03.2023 полициски службеници приведоа 18 лица во врска со нарушување на јавниот ред и мир на натпреварот Вардар-Е. Пелистер во салата Јане Сандански во Скопје. Известен е јавен обвинител и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот по закон за спречување на силство на спортски натпревари“.

Вчера некаде во средината на првиот дел се случи голем инцидент по влегување на навивачи на терен и меѓусебна пресметка на навивачите групи. Натпреварот потоа беше прекинат, па продолжи подоцна, откако капитените на двата тима разговараа со навивачите.

ПретходноКвалификации за ЕП 2024: Балканско дерби во Подгорица, Франција го освојува Даблин
СледноПрвпат против Фараните: Тест со една од петте европски селекции против кои никогаш не сме играле