Џенова му понуди нов договор: Пандев сега е на потег!

1204

Ќе стави крај на фудбалската кариера, или пак ќе продолжи барем уште една година да игра за својата Џенова? Ова е дилемата на Горан Пандев која наскоро треба да биде разрешена и тоа од негова страна. Имено по враќањето од ЕП на скопскиот аеродром, Пандев изјави дека се уште нема официјална понуда од страна на Џенова за следната сезона, и дека ако стави крај на својата кариера нема да биде тренер, туку менаџер или нешто слично.

Веднаш потоа следуваше изјавата на тренерот на Џенова, Балардини кој нагласи дека Пандев мора да продолжи барем уште една година.

По се ова следуваше реакцијата на Џенова, која му понудила и официјално нов договор на Гранде, па така сега на потег е Пандев. Веројатно деновиве ќе ја донесе одлуката дали ќе игра уште или пак и дефинитивно ќе рече дека е доста со фудбалот.

ПретходноИбрахима Тиам е новиот напаѓач на Тиквеш
СледноШкупи со Љапи може да игра пред 12.000 гледачи!