Шкупи со Љапи може да игра пред 12.000 гледачи!

880

И официјално се знае дека Шкупи, еден од нашите три претставника во квалификациите во Конфенерциската лига, во 1.коло ќе ги одмери силите со косовскиот Љапи. Првиот меч се игра во Скопје на 8 јули и тоа на Арената “Тодор Проески“ со почеток од 20 часот, значи по подолго време во Македонија фудбал ќе се игра во вечерен термин.

Ново е тоа што на Арената, според новите корона мерки, може да присуствуваат 30% од капацитетот, а тоа значи дека Шкупи може да игра пред 12.000 гледачи на овој меч.

Дополнително ќе се знае цената на билетите на оваа средба и за тоа кога истите ќе бидат пуштени во продажба.

ПретходноЏенова му понуди нов договор: Пандев сега е на потег!
СледноНапредак Крушевац е првиот ривал на Работнички на пријателските ова лето