Македонската кошаркарска репрезентација денеска (16:30 часот) ќе ги добие противниците во претквалификациите за пласман во квалификациите за место на Светското првенство 2023 година.
Пред ждрепката која ќе се одржи во Берлин, нашата селекција се најде во првиот шешир, ова значи дека за противници ќе ги избегнеме Шведска, Летонија и Шведска.
Во вториот шешир се најдоа Романија, Данска и Швајцарија, додека третиот пак го сочинуваат Белорусија, Исланд, Португалија и Словачка.
Првопласираните две селекции од секоја група ќе обезбедат место во квалификациите.
Македонија претквалификациите ќе ги игра во периодот од 11 до 28 август под водство на новиот селектор, Драган Бајиќ.