Кил загуби од Динамо (Б), но обезбеди четвртфинале во ЛШ

100

Германски Кил иако загуби на домашен терен од Динамо Букурешт со 32:31, обезбеди пласман во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони. Германскиот ракометен гигант по убедливата победа на првиот гостински меч со 41:28, вечерва само формално ја завери картата за четвртфиналето.

Никлас Екберг со девет гола беше најефикасен во таборот на Кил, додека кај Романците Анте Кудуз постигна пет гола. Во последната рунда до Ф4 турнирот, Кил за противник ќе го има францускиот првак ПСЖ.

ПретходноЕрв Ренар даде отказ од Саудиска Арабија поради нова селекторска работа
СледноКристијан Стелини, од тренер на тим на бегалци до в.д. менаџер на Тотенхем