Марио Вушковиќ, хрватскиот интернационалец и репрезентативец во германски Хамбургер, и официјално е суспендиран на две години поради допинг.
Откако излезе позитивен на два допинг тестови, најпрво беше суспендиран од клубот, а потоа и официјално во судот на фудбалската федерација на Германија со седиште во Франкфурт.
Вушковиќ и натаму тврди дека е невин, што е и нормално, а во постапката му беа конфискувани лични предмети од домот, како лап топ и медикаменти кои ги користел.