Рекордерот по бројот на настапи за германската репрезентација, Лотар Матеус, призна дека би сакал Џејдон Санчо да заигра за германската репрезентација. Причината е тоа што крилниот напаѓач запиша само 6 минути за Англија на претходните 3 натпревари на Еуро 2020.
„Тој беше меѓу најдобрите играчи во Бундеслигата во последните две години. Ако не е доволно добар за Англија, ние би сакале да му дадеме германски пасош. Фактот што тој не игра изненади многумина во Германија“, рече Матеус.