DER KLASSIKER: Баерн VS Дортмунд, битка за Германија, битка за титулата …и деби на Тухел!

149

Вечерва од 18:30 часот на „Алијанц Арената“ во Минхен, по 133 пат силите ќе ги одмерат Баерн Минхен и Борусија Дортмунд. Ова е нова епизода од серијалот “DER KLASSIKER“,најголемото германско дерби во последните три – четири децении.

Баварците се многу поуспешни, имаат 65 победи, гостите пак само 35, а 32 меча завршиле без победник. Ова се бројките од сите мечеви во сите конкуренции.

Интересно, Дортмунд нема победа во Минхен на последните седум меча, Баерн победувал на сите седум со гол разлика 27:6.

Image

Можеби време е за одмазда на лидерот на табелата, момците на стратегот Един Терзиќ се во неверојатна серија во оваа 2023 година, и ако останат непоразени или ако победат, тогаш веројатно е дека ќе дојдат и до титулата.

Во пресрет на ова мега – дерби, “милионерите“ имаа 53 бода и се лидери, а баварците еден помалку и се втори.

Ова дерби, овој спектакл ќе се памети и по тоа што на клупата на Баерн Минхен свое деби ќе има Томас Тухел, стратегот кој некогаш го предводеше тимот на Дортмунд.

Оваа средба, овој DER KLASSIKER ќе биде мега – дерби за уживање, полно со фудбалски страсти, битка до последна капка пот, па и крв ако сакате…

Време е за мега – фудбал.

ПретходноСакаше да ја запроси својата девојка, па доби нокаут (ВИДЕО)
СледноАлкалоид пред голем предизвик, во Автокоманда гостува Вардар 1961!