Бензема со „брзински“ хет – трик, Реал броеше до шест против Ваљадолид (ВИДЕО)

139

Карим Бензема и неговиот хет трик за седум минути е главната тема во триумфот на Реал Мадрид на домашен терен од 6:0 против тимот на Ваљадолид. Она што требаше да биде рутински триумф на Мадрид се претвори во рапсодија во „бело“ која што само во првиот дел донесе водство на домашните од 4:0. Токму во тие моменти Родриго постигна гол за 1:0 во 22. минута, па следуваше Бензема шоуто. Французинот погоди во 29. 32. и 36. минута, за да во второто полувреме Асенсио во 73. минута зголеми на 5:0.

Лукас во последните секунди од мечот успеа да ги постави конечните 6:0.

 

 

ПретходноСелфи по навика: Во Струга “мириса“ на титула, Шкендија е на -5, Шкупи на -7!
СледноЧелзи конечно одлучи за судбината на Потер!